Дваесетиот по ред Golden Drum, вечерва ги затвора завесите.
Останува уште да се прогласат најдобрите за некои од најпрестижните категории во натпреварувачкиот дел, односно победниците од групите A,B,C,E,F,V,W и Q.
Исто така ќе бидат доделени и неколку специјални награди како Golden Rose Award – за агенцијата која ќе собери најмногу поени, потоа Tartini Award – за најуспешната независна агенција на фестивалот, Golden Net Award– за најуспешната мрежа на агенции, Brand Grand Prix Award – за огласуваниот бренд кој собрал најмногу поени а исто така ќе биде прогласен и најдобриот креативен директор.
Во меѓувреме се дознаа и имињата на финалистите за овие категории и единствениот заклучок што може да се извлече од листата на финалисти е дека оваа година на Golden Drum владеат балканците, кои имаат по еден-два финалисти во речиси сите категории.. а улогата да биде предводник на тоа успешно балканско друштво ја има токму македонската New Moment New Ideas Skopje, кои со своите проекти “10 meters apart“ и “Piano“ се финалисти во дури четири категории “Film, Outdoor, Design of Brand&Corporate Indentity и Integrated Communications Campaigns “
Да потсетиме Њу Момент веќе освои три гранд при награди во првиот ден на Golden Drum 2013.
Им посакуваме многу среќа и се надеваме дека во Македонија ќе се вратат уште со некоја награда плус ! Стискаме палци !