Prime Communications е наградена во категоријата кризен менаџмент во конкуренција од вкупно 447 пријавени кампањи и проекти од целиот свет
Агенцијата „Prime Communications“ е добитник на најпрестижната ПР награда во светот- Златна награда од Меѓународното здружение за односи со јавност за 2015 година (2015 IPRA Golden World Awards) на свечената церемонија одржана на 28 септември во рамките на Меѓународниот IPRA конгрес 2015 во Јоханесбург. Наградата беше врачена од страна на Dr Amibel Sančez, претседател на Меѓународното здружение за односи со јавноста. (IPRA).
„Prime Communications“ е наградена во категоријата кризен менаџмент во конкуренција од вкупно 447 пријавени кампањи и проекти од целиот свет, а осумнаесет членови на жирито од целиот свет го препозна управувањето со кризата од Босна и Херцеговина, како едно од најдобрите меѓу пријавените кампањи од целиот свет.
„Горди сме поради наградата, бидејќи ова е прв пат во 60 години долгата историја на организацијата IPRA, агенција од Босна и Херцеговина да добие признание и награда за квалитет во областа на односите со јавноста. Горд сум на тоа и задоволен што успешното управување со кризни комуникации, на нашиот клиент му донесе разрешување на деловните проблеми. Најпрестижната светска награда на Меѓународното здружение за односи со јавноста токму за кризен менаџмент, го потврдува принципот на кој се заснова нашата работа со клиентите, дека управувањето на комуникациите е најважната алатка за остварување на целите во работењето“ изјави Dragan Močević, основач на агенцијата „Prime Communications“ при преземањето на наградата во Јоханесбург.
Пријавените кампањи и проекти се оценувани врз основа на проценка на стручноста во пет области – анализа на ситуацијата, постапката на истражување, планирање, реализација и оценка на резултатите. Оценувањето е извршено во 2 фази, победниците во педесет категории избрани се во Лондон во почетокот на јуни, а според зборовите на претставниците на IPRA, оваа година жири комисијата морала да избира меѓу голем број на исклучително квалитетни проекти. На Меѓународниот IPRA конгрес во Јоханесбург, присуствувале повеќе од 800 стручњаци од целиот свет.