Популарниот уличен уметник познат како Banksy започна да собира 10 милиони фунти за да купи затвор и да го претвори во „центар за уметност“.
Се работи за стариот затвор Reading Prison во Бристол, Велика Британија, кој е ставен вон употреба од 2013 година, со план да биде продаден и срушен, а на негово место да бидат изградени објекти за домување.
Вклучувањето на Бенкси во кампањата за зачувување на историската градба беше најавено уште во март годинава, кога уметникот на едниот ѕид од затворот наслика затвореник кој бега со јаже направено од чаршафи, на чиј долен крај пак се наоѓа машина за пишување.
Се претпоставува дека затвореникот всушност го претставува писателот Оскар Вајлд, кој бил затвореник токму во овој затвор.
Бенкси планира да ги собере 10-те милиони фунти преку продажба на шаблонот со помош на кој го создал муралот на ѕидот од затворот. Шаблонот моментално е изложен во Музејот и уметничка галерија на Бристол.
Уметникот планира да ги додаде своите 10 милиони фунти кон понудата од 2.6 милиони фунти дадена од Советот на населбата Ридинг, кој исто така се бори да ја зачува историската градба.
Поддршка за кампањата на Бенкси дале повеќе претставници на локалната власт, како и актерите Џуди Денч, Кенет Бранаг, Кејт Винслет и Натали Дормер.