Британската банка Barclays објави нова интегрирана кампања со која го слави своето дводецениско партнерство со Англиската фудбалска федерација, и тоа како главен спонзор на машката Премиер Лига, односно женската Супер Лига.
Централниот спот на кампањата во времетраење од 30 секунди се фокусира на приказната на младите фудбалери Рис и Лорен Џејмс, брат и сестра кои актуелно играат за фудбалскиот клуб Челзи. Спотот го прикажува нивното раснење заедно со фудбалските лиги спонзорирани од Barclays, и тоа буквално, имајќи во предвид дека Рис има 21, а Лорен само 19 години.
Покрај овој спот, кампањата ќе содржи и активности на интерент и социјалните мрежи, како и на радио.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Iris.