Home » Во фокусот » Baselworld 2018: 5 трендови кои ќе ја одбележат индустријата на часовници оваа година

Baselworld 2018: 5 трендови кои ќе ја одбележат индустријата на часовници оваа година

Со околу 700 изложувачи и 100 000 посетители, Baselworld е далеку најголемата светска оф-лајн платформа за презентација на нови часовници. Како што пишувавме на Маркетинг365 пред неколку денови, во периодот од 23 до 27 март, швајцарскиот град Базел е домаќин на најпознатите брендови во часовничарската индустрија – Rolex, Tag Heuer, Omega, Tudor, Hublot, Patek Philippe, Bell&Ross, Nomos Glasutte, Mondaine, Zenith – и претставува најдобар индикатор за она што ќе се случува во текот на годината што следи. 

Во продолжение прочитајте за неколку новитети и трендови кои ни ги носи првиот ден на Baselworld.

Старомодни вибрации

Старомодните часовници ќе продолжат да доминират –  тренд предводен од прославувањето на различни годишнини на брендовите и инспириран од популарни модели од минатото. Овој апетит за носталгија можеби е одраз на јакнењето на пазарот за стари часовници од “втора-рака”, како и желбата на производителите да ги намалат цените на своите производи, откако се соочија со тешкотиите на неодамнешната финансиска криза која доведе и до намалување на скапите иновации.

Добар пример за сето ова е новиот Legend Diver на Longines (цена: $2,150-$2,600), кој се угледува на нуркачки часовник од 1960-те, комбинирајќи ретро стил и модерна технологија, нудејќи практичност и убавина.

Longines Legend Diver

Но, овој тренд не мора да значи дека брендовите целосно ќе ги жртвуваат иновациите за да ги задоволат сегашните вкусови. Omega, на пример, заврши одлична работа со својот Speedmaster Moonwatch Dark Side of the Moon. Со корени во Moonwatch моделот од 1969 година, часовникот беше повторно произведен во 2013  година со керамичко куќиште и во повеќе бои.  На Baselworld 2018 беше презентирна уште една нова керамичка едиција насловена како Apollo 8 (цена: $9,500) – првиот часовник од серијата со скелетен механизам.

Во иста насока, Rolex ја презентираше новата верзија на класичниот GMT-Master II, првпат произведен во 1954, кој повторно се појави на пазарот во 2007 година под едноставната едициската ознака “II”. Новиот дизајн од оваа година вклучува преработен високо-енергетски автоматски механизам кој ја подобрува прецизноста и заштедата на енергија. Ќе биде достапен во вариетет на метали (од почетна цена $9,250) и два различни стилови на нараквицата.

Rolex GMT Master II

Зелената е новата сина

Сината боја доби на популарност во изминатите две до три години, предизвикувајќи ги стандардните црни и сини нијанси. По се’ изгледа дека овој тренд ќе продолжи, но веројатно ќе бидеме сведоци и на паралелно движење кое ќе ја форсира зелената боја (нешто што можеби беше предвидено од страна на Pantone Color Institute кој ја прогласи бојата Arcadia – зелена со сини нијанси – како боја на пролетта во 2018 година, опишувајќи дека “алудира на ретро, но во исто време е и модерна”).

Најдобар пример кој ги комбинира двата најпопуларни трендови на годината е моделот Navitimer Super 8 на Breitling, кој има ретро-инспириран дизајн со зелено лице. Други вакви примери се моделите Original Sixties на Glashütte, True Thinline на Rado и Endeavour Perpetual Calendar Purity Cosmic Green на H. Moser & Cie.

Breitling Navitimer Super 8

Поврзување со милениумците

Привлекувањето на милениумците е еден од најголемите предизвици со кои се соочува часовничарската индустрија денес, а “паметните часовници” се покажаа како еден од најефикасните начини да се стори тоа.

Hublot стави една нога во светот на поврзаните часовници со својот Big Bang Referee 2018 FIFA World Cup Russia (цена: $5,170). Наменет за фудбалските фанови, овој паметен часовник работи на оперативен систем од Google и меѓу другото, ќе вибрира секогаш кога ќе биде постигнат гол на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи ова лето во Русија.

Hublot Big Bang Referee 2018 FIFA World Cup Russia

Овој потег не е никаво изненадување, имајќи во предвид дека сестринскиот бренд на Hublot, TAG Heuer, “игра” во овој пазар веќе неколку години. TAG Heuer го искористи овогодинешниот Baselworld за да ја претстави новата верзија на моделот Connected Modular 45 Aston Martin Red Bull Racing Special Edition (цена: $1,850), кој работи на оперативен систем од Intel.

Комплексноста се соочува со женственоста

Високо-луксузните брендови од часовничарската индустрија почнаа релативно скоро да ја таргетираат женската популација, а на ова издание на Baselworld претставија некои модели со голема механичка комплексност. Посебно се издвојува моделот Reference 7150/250R-001 на женевскиот бренд Patek Philippe (цена: $83,900), со розево-златно куќиште и инкрустрирани дијаманти. Тука е и моделот Calibre 3 на Chanel од успешната едиција Boy.Friend (цена: $40,600-$51,400) кој го комбинира парискиот “шик” со елегантен, но комплексен механизам.

Patek Philippe Reference 7150/250R-001

Комплицирана креативност

Високо-комплексните рачни часовници се исто така присутни во изобилство на Baselworld 2018. Меѓу нив, Zenith го презентираше својот нов Defy Zero G (цена: $100,800), а Chopard го претстави L.U.C All-in-One (цена: $423,000).

Chopard L.U.C All-in-One

Сепак, најкомплексните креации се наоѓаат во посебниот оддел на Baselworld посветен на “Les Ateliers” (Работилниците), кој е домаќин на независните производители на часовници кои создаваат индивидуални модели и мали, лимитирани серии – со соодветно високи цени. Овие часовници се најчесто произведени од “ексцентриците” на индустријата и имаат генијални механизми, каков што е и случајот со моделот Louis Moinet Spacewalker (цена: $189,960), произведен во 12 парчиња, кој го ползува првиот “сателитски турбилон” во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365