Популарниот суперхерој и стрип јунак Бетмен добива ново лого, објави цртачот Хорхе Хименез од матичната издавачка куќа за стрипови DC Comics.
Ова е првото ребрендирање на херојот по повеќе од една деценија, односно од последното ребрендирање во 2011 година.
Новото лого ќе започне да ги краси новите изданија на стрипот од бројот 125, за кој е предвидено да излезе на 5 јули 2022 година.
Веќе долго време, името на Бетмен и препознатливиот симбол на лилјак беа користени одвоено, но со новото лого тоа се менува – лилјаковата силуета е всушност инкорпорирана како сенка во внатрешност на зборот „Бетмен“.
Ребрендирањето означува нова ера во развојот на ликот на Бетмен, совпаѓајќи се со назначувањето на Чип Здарски за нов лидер на креативниот тим кој стои позади стрипот.