Британскиот јавен радиодифузен сервис BBC го назначи Шарл Васил за свој прв генерален бренд директор, кој ќе биде одговорен за дефинирање на „приоритетните брендови“ на организацијата кои што имаат најголем потенцијал за раст.
Шарл Васил веќе пет години ја извршува функцијата генерален маркетинг директор на алкохолниот бренд Absolut Vodka. Новата улога во BBC ќе ја преземе во март 2024 година, а за своите обврски ќе ја известува генералената директорка за клиенти Керис Брајт.
„Градењето моќен бренд на BBC, воден од нашите уникатни вредности на јавен сервис, кој поттикнува раст на публиката и кој сите го сакаат и ценат е од витално значење во денешниот свет. Возбудена сум што ќе ја внесам експертизата на Шарл во BBC за да ни помогне да продолжиме да го градиме нашиот препознатлив глобален бренд и понатаму“ – посочува Брајт.
Васил ќе предводи тим од 250 луѓе и ќе има „буџет од повеќе милиони фунти“, според првичните спецификации за позицијата.
„Неверојатно сум горд што започнав ново поглавје во мојата кариера, помагајќи му на BBC да изгради релевантност и да испорача вредност за сите на сè пофрагментираниот медиумски пазар“ – истакнува Шарл Васил.