(РЕГИОН) -Хрватската маркетинг агенција BBDO Zagreb, на меѓународниот конкурс од компанијата Molson Coors Europe го освои проектот за глобалната кампања на познатиот чешки пивски бренд – Старопрамен.
Кампањата под називот “Pleasure from Prague“ вклучува изработка на целосна брендинг стратегија што подразбира и осмислување и изработка на комуникациски алатки на целосниот спектар на маркетинг активности.
На пазарите во Велика Британија, Германија, Украина, Романија, Унгарија, Македонија, Бугарија, БиХ, Србија и Црна Гора, локалните агенции ќе ги адаптираат решенијата на хрватските креативци.
Комуникациската платформа за Старопрамен е резултат на заедничката работа на BBDO тимот под водство на креативниот директор Almir Okanović. Во развојот на кампањата учествувале и Tino Kera, Miro Perić, Ivo Payer, Željko Krešić, Maja Perica, Maja Mišković, Irena Kapetanović и Tena Španec.
После тромесечната работа на натпреварувањето за Старопрамен и повеќемесечното тестирање и истражување на целните пазари, снимањето на ТВ спотови кои штотуку почнаа да се прикажуваат во Хрватска траеше пет денови и вклучуваше меѓународна продукција на локации од Прага до Белград. Режисер на спотовите е Fabrizio Notari а во нив се ангажирани млади глумци од Чешка, Хрватска, БиХ, Бугарија и Србија.