“Креативно размислување – уметност за разбивање на рутини“
Bea World Festival, кој се одржува под мотото “Where Creativity Meets Business“, претставува единствена можност за деловните луѓе секоја година да одржат чекор со променливата бизнис сцена во светот на настаните и комуникациите во живо. Ова е одлична можност да се научи нешто од експертите и лидери во индустријата, да се видат најдобрите проекти минатата година, како можност за вмрежување со своите колеги и инфлуенсери.
Оваа година на фестивалот ќе се одржи на 22 и 23 ноември во Коимбра, Португалија, каде што освен образовната програма, ќе бидст доделени и годишните награди за најдобрите настани од целиот свет.
“Во глобалниот и дигиталниот свет доживуваме брзи промени. Се воведуваат нови технологии и практики, а она што го научивме вчера е обично застарено до моментот кога сме подготвени да почнеме да го применуваме во нашиот бизнис. Тоа е процес на доживотно учење и мораме да се фокусираме на развој на креативни вештини кои се од суштинско значење за адаптација на оваа реалност која брзо се менува”, објаснува Илка Џеик, партнер во Event ROI Institute, како и стратешки советник на Bea World Festival.
“Ние тоа го нарекуваме” креативно размислување – уметност за разбивање на рутини“, други го нарекуваат иновации, генерално се работи за создавање на нови врски помеѓу постоечките идеи. Инспирирани од оваа тема, сакаме учесниците да градат заедница и да најдат начини да им пристапат и да ги решат проблемите од поинаква перспектива, избегнувајќи ги ортодоксните решенија и размислувајќи надвор од рамките, со цел да ги иновираат нивните настани. “
На овој линк можете да дознаете повеќе за овогодинешниот фестивал и програма: https://www.beaworldfestival.com/
Фестивалот Bea World исто така нуди големи можности за вмрежување. Преку концептот NetworkTables, онлајн алатка за распоред на седење, делегатите ќе имаат можност да изберат со кого сакаат да седат за ручек и како и да резервираат место на една од тематските маси за да разговараат за одредена тема (Star Talk & Lunch). Или, можат да се одлучат за “Pick a Brain” и резервираат 15 минути разговор со еден од членовите на жирито и говорниците на Bea World фестивалот.