Home » Во фокусот » Бебињата на Evian се повторно тука, во нова, малку поголема облека

Бебињата на Evian се повторно тука, во нова, малку поголема облека

Славната кампања со бебиња на брендот Evian е повторно тука, и доаѓа со облека која е за неколку броеви поголема.

Ова е седмо издание на „Live Young“ кампањата, а ја изработи креативната агенција BETC Париз. Овајпат, брендот сака неговите потрошувачи да искусат како е да се погледне светот од перспектива на бебињата.

За нас, бебињата се начин да користиме метафора за да го објасниме нашето ветување: кога пиете Evian ние го пробудуваме бебето во тебе,“ објасни Patricia Oliva, глобален директор за маркетинг во Evian. „Да се погледне светот преку очите на бебето е радосно и чудесно искуство. Кога се гледате себе си како бебе, го гледате и светот како преголем.“

Кампањата ќе содржи и дигитални елементи, вклучувајќи Snapchat филтер кој е веќе достапен преку Ѕnapcode на 300 милиони Evian шишиња. Овие филтри ќе бидат достапни на сите корисници од 10 јуни, а кампањата ќе се спроведе и на билбордите, социјалните мрежи преку активација, па дури и модна линија во партнерство со Rad.co. Бренд амбасадорите Марија Шарапова, Стан Вавринка, Лукас Пуиј, Медисон Кејс и Лидија Ко, се исто така вклучени во кампањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365