Home » Во фокусот » Bee Social! – нова услуга на ПР и маркетинг агенцијата Ханибиз

Bee Social! – нова услуга на ПР и маркетинг агенцијата Ханибиз

Секојдневно следејќи ги светските трендови и правецот во кој се развиваат односите со јавност, маркетингот и социјалните медиуми, ПР и маркетинг агенција Ханибиз, промовираше нова услуга во своето портфолио која го носи името Bee Social.

Bee social
Bee Social или социјален ПР, на клиентите ќе им понуди целосна стратегија за паметно водење на социјалните медиуми како што се Facebook, Twitter, Instagram, Youtube.

Како што велат од компанијата, социјалниот ПР е новата носечка компонента на успешните комуникации: “Социјалниот ПР е интегриран микс на стратешки менаџмент на социјални медиуми во комуникација со визуали и односи со јавност. Живееме и работиме во време на динамика која носи потреба од интегрирани и повеќеканални интеракции со повеќе страни во исто време

На новата услуга ќе работи веќе постоечкиот тим на Ханибиз збогатен со уште еден член, експерт за социјални медиуми од Ерменија: Рипа Х. Кузевска.

Ханибиз е присутна на пазарот од 2012 година и работи на полето на интергирани маркетинг комуникации кои ги опфаќаат нетрадиционалите форми на маркетинг, со фокус на ПР, социјални медиуми и општествена одговорност.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

One comment

  1. Оти нели, кај нас нема експерти за социјални медиуми, нема млади креативци и забавни деца, а башка ПР – от во Ерменија е многу поразвиен отколку во Македонија……….страшнооооооо!!!!!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365