Белгискиот дизајнер Оливие Деби испрати официјално барање до организаторите на Олимписките игри во Токио и Меѓународниот олимписки комитет да направат промена на логото за игрите, бидејќи смета дека истото премногу наликува на логото кое тој го креирал за театарот во Лиеж.
Логото за игрите во Токио 2020 година, кое го дизајнираше јапонскиот уметни Кенјиро Сано се базира на буквата Т, која го претставува Токио, како и зборот утре (tomorrow).
Белгискиот дизајнер вели дека добил многу пораки од белгиските графички дизајнери кои му рекле дека логото му е копирано. “Кога погледнав малце подетално забележав дека е речиси исто“ – вели тој
Дизајнерот на олимпиското лого Кенјиро Сано негираше дека го копирал логото од театарот, кое Деби го имал креирано во 2013 година. Организаторите изјавија дека пред да го прогласат победникот направиле пребарувања на објавени логоа и во Јапонија и надвор од Јапонија. Колкгу логата наликуваат, проценете сами: