2020 се покажа како темна година. А, во Белгија, како и во остатокот од Европа – крајот на годината ќе биде исто така поразличен. Поради карантинот, на луѓето не им е дозволено да ги покануваат своите роднини и пријатели за време на празниците. Тие може да поканат максимум по три луѓе, но само на отворено… Телекомуникацискиот оператор Proximus ни покажува дека можеме да го осветлиме крајот на годината на нашите најблиски, со осветлувањето на нивните екрани.
Секој екран кој се осветлува поради добиена текстуална порака, видео-повик, убава слика… исто така го осветлува лицето и духот на оној кој што ги добива. Оваа едноставна, но паметна забелешка се наоѓа во основата на новата реклама на белгискиот телекомуникациски оператор Proximus. Иако започнува нерасположено и меланхолично, гледаме како се палат екраните во различни ситуации. Дедо кој сака да игра шах со својата внука (како референца кон популарната серија The Queen’s Gambit), тинејџер кој е поканет да се приклучи кон онлајн играта на својот пријател, или само едноставна текстуална порака. Гледаме како екраните се осветлуваат, а со тоа и лицата на примачите.
Прекрасен и воодушевувачки филм кој завршува со проекција на дигитален огномет на една станбена зграда – уште еден начин на кој Proximus го осветлува крајот на годината. Бидејќи и огнометот е забранет оваа година. Поради тоа, Proximus создаде платформа на која секој може да испрати персонализиран, виртуелен огномет до фамилијата и пријателите. Со овој чин, Proximus исто така ја поддржува Digital For Youth, организација која сака да им помогне на сите оние кои се онлајн.
Со цел луѓето да осветлат колку што е можно повеќе екрани, Proximus нуди неограничен интернет за дома на сите свои клиенти. А, на 31 декември, можеби ќе има уште некое изненадување…
Како дел од кампањата е лансиран и специјален веб-сајт кој можете да го погледнете на следниот линк.
Credits:
Client: Proximus
Contacts: Aurélie Denayer, Sophie De Nys, Manoëlle Ballaux, Julie Vanbelle, Perrine De Keyzer, Steven De Deyne
Ecosystem: SILK
Agency: FAMOUSGREY
CD: Peter Ampe
Creation: Johan Van Oeckel
Creation: Olaf Meuleman
Copy: Jean Werner, Gavin Watt
Client Service Director: Catherine De Block
Account Director: Audrey Semal
Account Manager: Meriem Oucharif
Head of Strategy: Jonathan Detavernier
Digital Strategy: Tom Willemkens
RTV Producer: Marie Libouton
Film Production Company: Czar.be
Director: Salsa
Producer: Maarten De Sutter
DOP: Grimm Vandekerckhove
Editor: Robin De Praetere
Post-Production: Czar
Post-Production Sound: Eli Sundermann for FamousGrey Productions
Music: I Remember – Molly Drake
PR: Famous Relations
Digital Agency: Prophets
Digital Producer: Jeremy Demoor
Media Agency: Ellyn O’Byrne
Head of Media: Ellyn O’Byrne