Освем на Вашиот компјутер, таблет или мобилен телефон, вестите на српски Курир, отсега ќе може да се следат и на вкупно 36 билборди на 27 најфрекфрентни локации низ Белград.
Курир во соработка со компанијата Multu Vision, го реализираше проектот со кој од минатиот четврток, топ вестите од порталот Kurir-info.rs ќе се најдат на билбордите низ главниот град на Србија, па така верните читатели на порталот во секој момент ќе може да следат кои се најважните случувања во текот на денот.
Ова е прв пат во регионот некој медиум да ги искористи масовно на ваков начин билбордите за промоција на својата содржина.