Во пресрет на претстојниот BalCannes, Saatchi & Saatchi Хрватска сликовито објасни што значи за нив добра работа, но и добро интервју.
Во манир на вистински крал на џунглата, Лавот за најдобра кампања според мислењето на агенциското жири минатата година (Deepest Instagram Profile by Jana) без многу зборови по завршувањето на BalCannes го зазеде своето место во дебелата сенка на агенцијата Saatchi во Загреб и оттогаш генерално одмара. Но, тоа не може да се каже за тимот на Saatchi кој инспириран од “уловот“ се фрли на работа и во меѓувреме го пополни своето портфолио.
Без многу зборови, но затоа многу сликовито, ни објаснија што значи за нив добра работа и истовремено добро интервју. Нас не ни преостанува ништо друго, освен да ги прелистаме најновите кампањи кои би можеле да ни откријат дали стигнува ново друштво за Лавот оваа година.