Социјалната мрежа за споделување фотографии поврзани со различни интереси Pinterest лансираше нова кампања насловена “You just might surprise yourself” („Би можеле да се изненадите од самите себе“). Кампањата ја истакнува улогата на платформата во откривањето на нови, дотогаш непознати, интереси кои луѓето не би ги знаеле за себе доколку не дошле во визуелен контакт со нив на Pinterest.
Централниот спот во кампањата отпочнува со сцена во која една жена ја менува својата фризури под инспирација на Pinterest, а потоа гледаме плејада на различни луѓе кои ги споделуваат своите разновидни интереси – храна, мода, уметност, козметика и други креативни и работни активности. Во еден случај, гледаме како еден маж стигнал од дрводетелство со помош на оган, до лакирани нокти со огнен дизајн во шест чекори т.е. слики кои ги открил на Pinterest.
Всушност, Pinterest со својата кампања се наметнува како платформа, односно алатка која на луѓето им помага да дојдат во допир и да се запознаат со нови и возбудливи активности и интереси, кои можеби подоцна ќе им станат и омилени.
Рекламниот спот ќе биде имитуван на телевизија во САД и Обединетото Кралство, а кампањата исто така ќе вклучува и дигитални и outdoor активности.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Droga5 New York.