Бизнис кафе Македонија е елитен настан кој претставува организирано бизнис дружење и во својата агенда секогаш вклучува интересни и еминентни говорници, изградени интелектуалци на професионален план кои на автентичен начин ќе ви ја пренесат својата „мисија до успехот“. Настанот се одржува на секои два месеци во годината, најчесто во различни локали во Скопје.
Освен интересните презентации и говорници кои се дел од програмата, овој настан овозможува квалитетен нетворкинг а со тоа и промоција на вашиот бренд, услуга или производ.
На настанот присуствуваат и младите ентузијасти кои што или туку што завршиле факултет или се на крај со студиите, а веќе започнале со работа или би сакале да се вработат.
На 22 јануари ќе се одржи 8 -мото по ред Бизнис кафе Македонија, кое како говорници ги вклучува Роберт Ордановски (Директор на Агенција за електронски комуникации), Митко Керамитчиев (Бизнис консултант и професионален тренер) и Елена Пандева (Генерален менаџер на брендот „Елена Лука“).
Тука може да се приклучите на официјалниот Фејсбук настан на 8-мото Бизнис кафе Македонија .
Повеќе детали и информации околу самиот настан и учество на истиот може да дознаете на официјалната Фејсбук страница на Бизнис Кафе Македонија тука.