Пивара Скопје ја претстави новата реклама за својот бренд Скопско Smooth која ја работеше во соработка со агенција Публицис и продукцијата Mozaik, под режисерската палка на Ѓорѓе Марковиќ. Спотот ја следи динамичната мелодија од песната “Дете“ на Д`Далтонс.
“Играј по правила, бричи се редовно, седи мирен, омажи се веќе, биди ко другите, не биди дете, немој да сонуваш, не носи розово, не носи кратко, не мисли, не чувствувај, не биди различен….“ – НЕ!!!
Биди тоа што ти сакаш и остани верен на себе! – тоа е главната порака на брендот Скопско Smooth кој продолжува да ја следи “бунтовничката“ платформа на пивото наменето за тие што не сакаат да бидат дел од клишето.
Погледнете ја во продолжение: