(РЕГИОН) – McCann Sarajevo во изминатиот период со задоволство учествуваше во креирањето и реализацијата на проектот “Annie,” првиот босанско-херцеговински професионален мјузикл за деца и возрасни, кој во сорабтка со Институтот за театар, музика и мултимедија (iMTM) и Народниот театар Сараево, после повеќемесечни проби, премиерно беше изведен на 3 и 4 јуни.
“Со месеци се работеше на продукцијата и промоцијата и среќни сме што зад нас се две ноќи во кои салата на Народниот театар беше исполнета до последното место. За нас ова не беше вообичаен проект. Вложено е многу труд, но работата со деца сама по себе претставува награда, а да се виде среќа на лицата на сите учесници и публиката е уште поголема. Драго ни е дека, покрај културното значење на овој проект, низ работата на претставата се изгради комплена генерација на деца едуцирано во областа на музичкиот театар, а целата приказна понуди и одлична можност за помош на децата без родители во БиХ преку различни облици на поддршка. Навистина сме горди што имаме можност да креаираме и некои поинакви приказни,” изјави Весна Влашиќ Јусуповиќ, директорка на McCann Sarajevo.
Во текот на припремите остварена е соработка со Центарот “Duga Art” од Центарот за деца без родители “Duga” од Кулен Вакуф. Во фоајето на Народниот театар сите заинтресирани имаа можност да ја купат сликовницата “Bajka o mjesecu” чиј издавач е Фондацијата на Центарот која на овој начин собра значајни средства наменети за штитениците. “Преку работата на мјузиклот инициравме и кампања со која сакаме да му помогнеме на овој Центар кој се грижи за деца на возраст до шест години. Се надевам дека, после овие симболични акции, ќе бидеме во можност и повеќе да се поврземе,” појасни Алма Феровиќ Фазлиќ, директорка на iMTM.
Музичко-сценската адаптација на хитот за десетгодишното сираче, девојчето Annie, во режија на Ријада Љутвиќ на сцената спои дури 70 актери. Покрај солистите од Операта на Народниот театар Сараево, во поставката учествуваа и ученици од школата за пеење, игра и глупа на iMTM, како и студенти од Академијата за сценски уметности, и млади ѕвезди во главните улоги, деца на возраст од 3 до 14 години, селектирани преку процес на аудиција.
“Работејќи со децата на овој мјузикл, гледано од духовна страна, навистина сум профитирал. Сметам дека имаме една феноменална генерација. Иднината на театарот треба да биде музичкиот театар,” изјави Јасмин Башиќ, солист од Операта на Народниот театар Сараево, кој го игра Oliver Warbucks.
Во улогата на Annie, првата ноќ заблеска Асја Чамџич, а на втората премиера публиката ја воодушеви, во истата улога, сјајната Амина Билалбеговиќ. Со остатокот од екипата ја претставија приказната за тешкиот живот во сиропиталиштето, но и за големата меѓусебна љубов, пријателство и солидарност поради кои овој мјузикал имаше и среќен крај. Сите песни беа изведени во живо, а најмногу овации предизвикаа “It’s hard knock life” и “We got Annie”.
Допадлива комедија, полна со колорит, но сепак имајќи ја во предвид главната тематика на животот на децата во сиропиталиштето, пред публиката постави важни прашања поврзани со животот на децата без родители.
“Не смееме да заборавиме дека ова е приказна за сираци, напуштени деца и сигурно дека сите кои ја гледаа беа длабоко допрени од неа. Иако ова е една сериозна тема, со која воедно сакаме да ја потсетиме јавноста на категоријата деца без родителска грижа, таа не е раскажана како тешка социјална приказна. Сигурен сум дека тоа ќе биде дело кое ќе се гледа со задоволство,” додаде Ријад Љутовиќ.
Во септември се ланирани првите репризни изведби на мјузиклот, а со нив на сцената на Народниот театар ќе се појави и третата Annie, Аја Сарачевиќ Мијатовиќ.