Bike Computer е првата македонска мобилна GPS bike апликација развиена во кујната на “Venikom“ која е наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.
Главен feature на апликацијата е иновативната “Keep me safe“ опција, која е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и SMS порака за инцидентот.
Bike Computer апликацијата е достапна за Android (ЛИНК) и iPhone (ЛИНК), и покрај зголемена сигурност за велосипедистите, нуди и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации. Тука се вклучени: GPS следење со прикажување на брзина, дистанца, време, надморска висина, поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како и сензор за моќност.
“Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да допринесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, ко-основачот на Bike Computer.
Bike Computer има длабока интеграција со моментално најпопуларната фитнес апликација Strava, така што вашата активност можете лесно да ја синхронизирате.
Во апликацијата посебно внимание е посветено на потрошувачката на батерија која е доведена до минимум. Резултатите покажуваат дека Bike Computer е за 12% подобар од најдобрите мобилни вело-тракери на пазарот, како Strava, Runkeeper, Endomondo и други.
Кога намерате е да се направи најдобрата апликација на пазарот, тогаш во тимот мора да бидат вклучени и шампиони. Јоже Јованов, десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот учествуваше во тестирањето и креирањето на самата апликација.
„Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10 годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“, вели македонскиот шампион.
Bike Computer се развива од софтверската компанија Venikom, која на Македонскиот пазар постои од 1994 година. Експертизата на Venikom со мобилни апликација доаѓа од бројни проекти кои компанијата ги има работено во Македонија и за интернационални брендови како Nike, Heineken, GQ, Glamour, Vogue…