И додека Тојота се занимава со промоција на новиот модел, постои едно место каде што веќе 27 години стои реклама на стар модел
Се наоѓа на автопатот 101, кој поминува низ Сан Франциско, а повремено се појавува на хоризонтот. Очигледно, рекламата не е во најдобра состојба, но имајќи предвид дека датира од почетокот на 90-тите, многу е впечатлива.
Магазинот „The Drive“ успеа да ја дознае позадината на приказната. Како што пишува, билбордот е во сопственост на компанијата Clear Channel Outdoor, а нејзиниот регионален претседател Боб Шмит ја открива вистинската причина зошто оваа реклама му одолева на времето. Не станува збор за љубов кон Тојота, а уште помалку кон деведесеттите години. Работата е многу поедноставна.
Имено, огласот за Супра е последната реклама која е аплицирана со техника на фарбање, а сè после тоа се заснова на винилна технологија. Директорот одлучил да ја задржи рекламата како подлога за лепење нови реклами и со тоа да ги избегне трошоците за фарбање во црна боја.
Шмит открил дека на работниците им се потребни околу два часа за да заменат една реклама, па лесно може да се заклучи дека Супра е видлива само неколку часа годишно. И тоа открива зошто сè уште е во релативно добра состојба.