Единаесетото Меѓународно графичко триенале од Битола, на 28 декември ќе биде отворено во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо културен центар во Кина. Со тоа ќе започне неговата повеќе месечна ликовна турнеја која ќе се одвива во 6 кинески големи градови и истакнати културни центри.
Присуството на оваа најголема ликовна манифестација кај нас, е по покана на кинеските организатори, според кои – битолслото графичко триенале е едно од најзначајните во светот и на кое своја презентација бележат околу 160 држави од светот. Покрај ова организаторите- кинеската држава, отпечатиј обемен и атрактивен каталог насловен „11 меѓународно графичко триенале Битола“ во кој покрај делата и авторите, презентирани се низа најафирмативни текстови за самата манифестација, претставена е Битола во најпозитивна смисла-како еден од културните центри на Балканот, а Кина со ова, ја превзема својата благородна мисија ова тридецениско ликовно постоење да го афирмира, истакне, популаризира низ азискиот континент и да го потенцира како едно од значајните цивилизациски движења на планетарно ниво.
Во тој контекст, особено признание ќе добие Владо Горески, човекот кој три децении живее со ова ликовно постоење како и градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски за помошта, разбирањето и вклученоста на општината Битола во опстанокот на триеналето, воедно и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија за големата поддршката и заинтересираноста за неговото опстојување.
Според информациите, организацијата, приемот, односот, големиот интерес и севкупната ангажираност од Кина, Битола со овој константен меѓународен настан е веќе дел од најзначајните светски ликовни центри.
Со оглед дека во 2025 година ќе биде организирано и отворено и 2-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж – Битола 2025, целосно поддржано од општината Битола – „Битола ќе биде единствениот град во кој е се оддржуваат две светски ликовни манифестации, со непроценливо значење и сеопфатен радиус“ (од излагање на солунскиот градоначалник на отварањето на 1-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж Битола 2023 во Солун).
Презентацијата на 11 –то Меѓународно графичко триенале – Битола 2024 во Кина, е културен настан и афирмација на Битола и нашата земја со непроценливо, исклучително и едно од најзначајните културни и уметничкии создавања кај нас, кое е се повеќе претставувано на светско ниво како суштествено движење во развојот и историјата на светската ликовна уметност.
Беше потенцирано дека каталогот на 11-то Меѓународно графичко триенале Битола е на 1000 страници и дека е биде презентиран со посебни технички можности, додека кинескиот каталог е биде печатен и во селектирана форма.
Потенцирано и истакнато е од страна на кинеските организатори дека меѓу другото, ова е почеток на уникатна, долгорочна и константна културна и творечка соработка помѓу наиште две држави, Битола и самата ликовна творечка манифестација –Битолско меѓународно графичко триенале, организирано, концепирано и создавано од графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Ѓорески.
Ова е мал извадок од пишувањата и обраќањата до кинеската јавност од страна на кинеските организатори:
„Битолското триенале е една од најзначајните ликовна и творечка манифестација од областа на Меѓународно графичка уметност во светот. Во процесот на упорност и неговиот континуиран развој, тоа прослвува 30 години постоење. Ова е момент што светските графичари го прославуваат најискрено како најпотребен и суштински настан. Во овој толку долг, но и толку краток уметнички процес, основачот г. ВЛАДО ГОРЕСКИ собра извонредни уметници од повеќе од 160 земји од целиот свет. Тоа е несомнено важен уметнички настан. Одржувањето на 11-то битолско триенале во Битола во Северна Македонија и Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо, Кина во текот на 2024 и 2025 година претставува вовед на активно и значајо ликовно постоење . Ова е првпат триеналето од Битола да е претставена во Европа и Азија на транснационален начин, што укажува на тоа дека нашиот метод на прикажување на уметноста ги пробива претходните обрасци и се движи кон различностите и новите простори. На овој меѓународен светски творечки настан претставени се 126 уметници од повеќе од 100 земји.
Ningbo Tianyi Pavilion Museum е национален првокласен музеј во Кина. Дом е на најстарата библиотека во Кина и една од трите најстари семејни библиотеки во светот. Во моментов има речиси 300.000 тома на различни антички книги. Тијани Павилјон музеј придава големо значење на странските културни размени и е посветен на презентација и промовирање на интеракцијата помеѓу цивилизациите. Со презентацијата на исклучително значајното, светско 11-то меѓународно битолско триенале за графика е сериозно подготвен да биде „претставник за интеграција на кинеската и западната цивилизација“, како и промовирање на длабински дијалог меѓу меѓународните култури, прикажување на историјата и иднината уметноста која го промовира заедничкиот развој на светските цивилизации. Овој значаен културен настан кој ќе се одвива низ 6 најзначајни градски и културни центри во Кина е со единствен и посебен однос не само за соработка туку и афирмирањето на врвната светска креативност негувана во Битола од страна на графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Горески, кој што се јавува и како значаен патеводител и за севкупната Азиска ликовна уметност“.