Пред нецел месец со работа стартуваше македонскиот Бизнис Клуб (biznisklub.mk) – кој има за цел да ги вмрежи сите оние бизнис професионалци од земјава кои се страствени за бизнисот, сакаат да запознаат нови деловни-бизнис контакти и сесрдно сакаат да им помогнат на останатите членови во клубот да бидат поуспешни во нивната работа.
Членството во Бизнис Клубот чини 3.500 денари на годишно ниво и покрај различните нетворкинг активности кои ќе ги понуди, на членовите ќе им биде достапна и членска картичка со која добиваат:
- Бесплатно присуство на сите Бизнис Кафе настани во текот на целата година
- Покана и бесплатно членство на различни тематски средби со експерти на различни теми
- Покана за учество на неформални средби (пиење кафе и заедничко јадење појадок)
- Датабаза со контакт податоци од останатите членови на Бизнис Клубот
- Бизнис newsletter со интересни и вредни бизнис информации
- Попусти во различни деловни партнери на Бизнис Клубот и многу други бенефити.
Зачленувањето се прави со пополнување на формата на следниов ЛИНК.
Создавањето на македонскиот Бизнис Клуб е инициран од организаторите на настанот Бизнис Кафе Македонија како платформа која ќе ги поврзе и директно ќе им помогне на сите оние кои се страствени за растење во бизнисот, без разлика на кое скалило се наоѓаат во моментов.
Како што велат основачите: “Ние веруваме во премисата дека токму нетворкингот е клучен елемент за развој на бизнисот и сакаме да ги поддржиме сите оние што сакаат да успеат! Веруваме дека во земјата има многумина кои можат да бидат носители на развојот на нашата економија и на нашата држава. Веруваме дека има многу паметни и искусни луѓе чии ставови и идеи треба да ги направиме погласни, но и многу млади, енергични и креативни луѓе кои заслужуваат да бидат афирмирани и „поттурнати“ од поискусните!”.
Затоа не чекај многу, посети го веб-сајтот на Бизнис Клуб и стани член – https://biznisklub.mk/