Ниту целата тераса и внатрешен дел на “Twins Kitchen and Wine“ во Парк Хотел не беа сосема доволни за да ги примат вчерашните посетители на 23-тото издание на “Бизнис Кафе Македонија“. Во шега организаторите велеа дека наредното можеби треба да го организираат пак тука некаде во близина…..на стадион!
Ете така отприлика помина синоќешната дружба на предводниците на бизнисот во Македонија: масовно, позитивно, со многу смеа и многу нови познанства! Секако дека “падна“ и некоја зделка – ама за тоа ќе пишуваме наредниов период!
Гостите овојпат имаа можност да слушнат и да се дружат со говорниците Јован Радосављевиќ (Генерален директор на Пивара Скопје), Срѓан Ранѓеловиќ (Директор на KPMG) и Катерина Ангеловска (тренер за личен развој) кои пред присутните ги споделија некои од нивните најважни и најинтимни искуства и моменти од професионалната кариера и приватниот живот. Животните одлуки кои ги направиле тоа што се денеска, професионалци за пример – и луѓе кои се желни и спремни да го споделат своето знаење и да им помогнат на сите да напредуваат и да успеат во својата кариера.
Помеѓу посетителите беа и некои од најистакнатите бизнисмени во Македонија, директори на банки, агенции, медиуми, млади претприемачи и стартап ентузијасти….сите заедно сплотени во идејата да се помага меѓусебе со мисија да се унапредува бизнисот и општеството каде егзистираме! Ви благодариме на сите што дојдовте! Се гледаме на наредното кафе!