Во рамките на глобалната платформа за промоција на активниот живот како основа за создавање здрави животни навики, Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola, донираше 5 паркиралишта за велосипеди на Градот Скопје кои ќе бидат поставени на различни локации. Денес беше пуштено во употреба првото паркиралиште за велосипеди, кое е поставено кај фонтаната во Градскиот парк.
Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот преку поттикнување на велосипедската култура и промоција на велосипедот како алтернативен транспорт.
Паркиралиштата за велосипеди се во облик на препознатливото шише на Coca-Cola, а на секоја од локациите ќе биде поставен пар од Coca-Cola и Coca-Cola Zero паркиралиште. Од аспект на дизајнот, се работи за иновативно решение кое истовремено ја рефлектира стратешката определба на компанијата во обединување на сите Coca-Cola вкусови во еден единствен бренд.
Проектот е реализиран во соработка со Градот Скопје, а партнер е и здружението #НаТочак кое даде свој значаен придонес во успешна реализација на истиот.
„Долгогодишна заложба на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola е збогатување на рекреативните содржини за сите граѓани во заедницата. Затоа, постојано реализираме нови и иновативни проекти кои ја покажуваат грижата кон заедницата во која делуваме. Верувам дека со оваа донација наменета за сите граѓани на Скопје, ние како Пивара Скопје ќе дадеме свој придонес во промоција на рекреативниот и урбаниот велосипедизам како начин на живот, но и во подигање на свеста за велосипедот како енергетски најефикасен градски транспорт со висок потенцијал за намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина.“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.
„За нас е многу важно да создадеме услови и да ги поттикнеме граѓаните, а особено младите луѓе, во што поголем број да го користат велосипедот како алтернативно транспортно средство, да следат здрави животни навики и да придонесат за почиста животна средина. Во оваа пригода, се заблагодарувам на добрата соработка и на донацијата од 5 паркиралишта за велосипеди на Пивара Скопје и на компанијата Coca-Cola, како општествено одговорни компании кои ја поддржуваат нашата заложба за одржлив транспорт во градот и се вистински пример за грижа кон заедницата“, додаде градоначалникот Коце Трајановски.
Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти за поттикнување на активниот начин на живот, меѓу кои Coca-Cola фудбалскиот куп и Coca-Cola активните зони, кои минатата година беа поставени во 5, а во текот на оваа година ќе бидат поставени во уште 5 града ширум земјата.