Home » Digital » Блокирање на лошите реклами на Google Chrome од 15 Февруари

Блокирање на лошите реклами на Google Chrome од 15 Февруари

Решенијата за блокирање реклами на веб-страницата се жешка тема овие денови, а во приказната за добите и лоши начини на рекламирање на интернет, активно се вклучи и Google. Преку Коалицијата за подобри реклами, најголемата компанија за онлајн рекламирање на интернет се обидува, заедно со програмерите, да изгради подобра мрежа, која ќе биде пријатна за сурфање, а сепак финансиски погодна за огласувачите и издавачите.

Во согласност со објавените политики за добра практика на пласирање на веб огласи, во Google пред некое време најавија дека нивниот Chrome, инаку најпопуларниот пребарувач на светот, во иднина ќе има и свое решение за блокирање на лошите реклами.

Сега е објавено и кога ќе се случи тоа, односно на 15 февруари следната година ќе биде активиран вградениот блокатор на реклами на Google. Секако дека Google нема да си отсече голем дел од приходите со блокирање на сите огласи, туку ќе бидат отстранети оние кои не се во согласност со добрата практика. Со други зборови, Google ќе не` поштеди од реклами кои се појавуваат по секој клик, прекривајќи ја содржината, автоматски стартуваат видео и звук, прекриваат огромен дел од екранот, одбројуваат време до крајот на прикажувањето или користат некои други, не толку прифатливи методи за корисниците.

Доколку Chrome забележи на некоја страница вакви наметливи реклами, на таа страница ќе ги блокира сите – без оглед на тоа дали само некои отстапуваат од поставените правила. Програмерите веќе имаат достапна алатка за проверка за да дознаат дали нивната страница е предодредена за црната или белата листа на Google.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365