Компанијата БМВ го претстави своето редизајнирано лого, без традиционалниот црн прстен. Последен пат логото претрпе позначајни измени во 1997 година
„Ново лого за нова ера“, се наведува на Инстаграм профилот на компанијата.
Новото лого за прв пат ќе биде поставено на автомобилот „Concept i4“.
Потпретседателот на компанијата Јенс Тимер наведе дека БМВ станува “бренд за односи“, додека новото лого треба да симболизира отвореност и јасност.
Во продолжение погледнете како се менувало логото на БМВ низ годините: