Агенцијата е именувана за “водечка интернационална агенција за комуникација“ на брендот Mini, а ќе го преземе креативниот и дигиталниот дел од бизнисот. Седум меѓународни агенции учествуваа на питчот за оваа работа, што претставуваше „најамбициозниот питч во историјата на брендот“, според тврдењата на челниците на брендот Mini. Извор близок до организација на теренот изјави дека учествувале и агенциите R / GA, Ogilvy и AnalogFolk, но не ги откри преостанатите агенции што биле во игра.
Агенцијата Anomaly London ќе започне да работи на одредени сегменти кои претходно ги работаа други агенции. Себастијан Бухел, извршен директор на глобалниот бренд „Мини“, во изјава им се заблагодари на „долгогодишните партнери Jung von Matt и KKLD за успешната и добра соработка“. Jung von Matt и KKLD имаат канцеларии во Германија, како и BMW.
„Освен нивниот креативен израз и меѓународниот пристап, одлучувачки фактор во ангажирањето на агенцијата Anomaly беше силниот фокус на дигиталните канали“, рече Бехел.
Портпаролот на агенцијата Anomaly вели дека глобалниот питч се одвивал виртуелно поради епидемијата на коронавирус.
Агенцијата Droga5 London ги водеше Mini Electric во 2008 година, а агенцијата The Brooklyn Brothers, чии канцеларии се во Њујорк и Лондон, го водеа работењето на брендот во Велика Британија во 2016 година. Droga5 ја прекина соработката со брендот минатото лето по завршувањето на проектот со Mini Electric, тврди извор близок на овој случај. Портпаролот на агенцијата The Brooklyn Brothers изјави дека ќе ја продолжи својата функција како водечка интегрирана агенција за брендот Mini во Велика Британија.
Според пишувањето на Кантар, кој известува за трошоците на социјалните канали, Mini потрошил 12,6 милиони долари на медиумите во изминатата година во Америка. Следната година, Mini планира за прв пат да лансира интегрирана кампања за брендот. Оттаму велат дека одговорностите на агенцијата Anomaly London ќе вклучуваат „развој на креативни идеи, спроведување дигитални комуникации и развој на уреднички пристап“.
извор: Adweek