Германскиот производител на автомобили BMW Group отпочна процес на ревизија на своите медиски договори ширум европскиот пазар.
Во рамки на BMW Group се наоѓаат три автомобилски брендови – BMW, Mini и Rolls-Royce. Според сегашните информации, ревизијата на медискиот договор се однесува на брендовите BMW и Mini, додека пак за Rolls-Royce сé уште не е сигурно.
Во моментот, BMW Group во различни европски држави ја опслужуваат различни медиски агенции, а целта на ревизијата била да се консолидира целиот европски пазар „под една капа“.
Доделениот медиски договор нема да ги опфаќа дигиталните медиуми, затоа што паневропското раководење со дигиталните медиуми за брендовите BMW и Mini беше доделено на агенцијата MediaMonks во 2020 година.