По долго отсуство од јавноста, американскиот кантавтор Боб Дилан се појави заедно со познатиот шоумен Џими Фелон за да ја промовира својата линија на виски, но не проговори ниту еден збор
И покрај тоа што не се појави во живо во шоуто на Џими Фелон емитувано на Денот на благодарноста, славниот пејач му се придружи на познатиот водител во претходно снимено видео, во кое двајцата гледаат приватна изведба на њујоркшкиот “Big Apple Circus“, притоа пиејќи го во тишина вискито на Дилан.
Боб Дилан кон крајот на мај лансираше своја линија на виски, кое го нарече “Heaven’s Door“, и се состои од три вида на тој пијалок – straight rye, straight bourbon и „double-barreled“. Линијата ја започна со познатиот производител на бурбон „Angels’s Envy“.
Стандардната линија на “Heaven’s Door” се продава за 50 до 80 долари по шише, а првата специјална Bootleg Series едиција која следната година “полни” 25 години (станува збор за 25 години одлежано виски), чини 300 долари.