Во целосно неочекуван потег, Боб Ајгер се враќа на позицијата генерален извршен директор на американскиот медиски гигант Disney, наследувајќи го неговиот наследник Боб Чапек.
Боб Ајгер ја извршуваше функцијата на генерален извршен директор на Disney од 2005 до 2020 година. Тој лично го избра Боб Чапек за свој наследник, но според одредени шпекулации, за време на пандемијата дошло до нарушување на нивните односи. Ајгер тогаш изјавил за медиумите дека ќе остане во компанијата за да му помогне на Чапек со предизвиците, на што овој вториот наводно бил доста „иритиран“.
Во секој случај, Чапек успеа да ја извлече компанијата од пандемијата со зголемена вредност на акциите. Меѓутоа, во последните неколку месеци на 2022 година, компанијата забележува континуиран пад на своите акции, достигнувајќи го на 9 ноември најниското ниво во последните 52 недели. Од компанијата Disney велат дека Чапек лично се повлекол од својата функција.
„Му благодариме на Боб Чапек за неговите услуги спрема Disney во текот на неговата долга кариера, вклучително и навигација на компанијата низ невидените предизвици на пандемијата“, вели Сузан Арнолд, претседателка на Бордот на директори, во соопштението на компанијата.
„Бордот заклучи дека Disney влегува во сè покомплексен период на трансформација на индустријата, а Боб Ајгер е уникатно ситуиран за да ја предводи компанијата низ овој клучен период“ – заклучува претседателката на Бордот на директори.