Home » Во фокусот » Божиќната реклама на KitKat е пауза од сите реклами

Божиќната реклама на KitKat е пауза од сите реклами

Овој период е потребно многу за да се издвоите во презаситеноста од сите Божиќни реклами, сега е време кога сите брендови се обидуваат да имаат хит реклама. Стратегијата на KitKat и агенцијата J.Walter Thompson за оваа сезона во Велика Британија е да ја пресечат натрупаноста со целосна ненатрупаност.

Брендот чоколада на Nestle го објави својот 30-секунден ТВ спот изминатиот викенд во кој нема ништо друго освем еден празен екран (дури ни лого на крајот) и една нарација која прашува “дали апсолутно ништо е добро за промена?”

Тоа една духовита, по малку и храбра реклама, но и малку неискрена. Рекламата е далеку од ‘апсолутно ништо’. Таа е дизајнирана да привлече многу внимание, дури и повеќе од традиционалните спотови. А нарацијата, полна со самозадоволност, може да биде и поиритирачка за некој од гледањето на некои убаво направени, помалку автентични реклами.

Сепак, таа е во перфектна согласност со она: “Have a break. Have a KitKat”, што ја прави и поприфатлива како трик.

За издвојување е и агенциската изјава во соопштението. Расел Ремзи, извршен креативен директор на J.Walter Thompson London, кој изјави: “…………………………………” :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365