Италијанскиот производител на кафе-апарати De’Longhi го ангажираше познатиот холивудски актер Бред Пит како бренд амбасадор, со договор во траење од две години. Партнерството беше соопштено паралелно со лансирањето на новата кампања “Perfetto” („Перфектно“).
Во централниот спот на кампањата со филмски квалитет, го гледаме Бред Пит како се вози со својот мотор низ Лос Анџелес за да купи свежи зрна кафе. Неколку прекрасни пејсажни сцени и наполнет резервоар подоцна, Пит се враќа во својот дом за да зготви чаша вкусно капучино со помош на кафе-апаратот на De’Longhi.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција M&C Saatchi Milan и ќе биде емитувана во 25 пазари ширум светот, вклучувајќи ги САД, Кина, Обединетото Кралство, Австралија, Италија, Франција, Шпанија, Словенија итн.
Продукцијата на рекламниот спот е дело на троецот Дамиен Шазел (режисер), Линус Сандгрен (кинематограф) и Џастин Хурвитц (композитор на музика), кои добија Оскар за мјузиклот La La Land во 2016.