Европскиот бренд на бензински пумпи Jet, дел од американскиот конгломерат Phillips 66, објави две нови реклами како дел од својата кампања насловена “Keep on Moving” („Продолжи да се движиш“).
Двете реклами, кои што се целосно создадени со помош на компјутерски генерирана графика, имаат за цел да го разбудат чувството на „талкање“ и „истражување“ што лежи во срцето на секој возач. Притоа, филмовите се карактеризираат со надреални приказни сместени во „сонувачка“ атмосфера и амбиент изграден од пастелни нијанси на сината и жолтата боја. Всушност, инспирацијата од филмовите на Вес Андерсон е недвојбена.
Првиот филм прикажува ретро син кабриолет како се движи по отворен пат, а четири жолти балони го заземаат местото на претпоставениот возач и патници. Како што патувањето продолжува низ кривулестите патишта, балоните почнуваат да се тушат, но стигнуваат точно на време до сервисната станица на Jet за повторно да се надујат.
Вториот филм раскажува слична приказна, само што овој пат балоните се заменети со огромни светилки. Со текот на патувањето, светилките почнуваат да се зетемнуваат, но повторно засјајуваат силно штом поминат низ бензинската пумпа.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Isobel и продукциската куќа MJZ.