Американскиот бренд на флаширана планинска вода Liquid Death ќе стане првиот бренд кој ќе постави легален облог за победникот на овогодинешното финале на американската NFL лига – Super Bowl.
Компанијата планира да постави облог од 50,000 долари за оној тим кој ќе биде аутсајдер во финалето.
Но, за да се осигура дека токму тој тим ќе победи, брендот ангажирал „вистинска вештерка“ со искуство од 42 години, на која ѝ купиле карта за следење на натпреварот во живо.
Доколку „магијата“ биде успешна и Liquid Death навистина го освојат облогот, од брендот се заложија дека половина од добивката ќе да донираат во борбата против пластичното загадување.