Home » Во фокусот » Колумна: Брендирање на забавата

Колумна: Брендирање на забавата

Пишува: Јана Савиќ Растовац, креативен директор во агенцијата McCann Белград

За почеток да се договориме: Брендирањето на забавната содржина не е поставување на вашиот производ на трпезариска маса во сцена на фамилијарен доручек во домашна хумористична серија.

Brended Entertaiment е нешто многу повозбудливо и помоќно во својата дискретност. Ја нарекуваат категорија на иднината на огласувањето, која повикува на обмислување на медиските буџети и нов поглед на тоа како брендовите да се осеќаат повикани во животите на целните групи.

Дали индустијата конечно пронајде канал заради кој луѓето нема да го менуваат каналот? Може ли пораката да се слушне појасно надвор од рекламниот блок?

Вчера во Њујорк се доделени Clio наградите. Круна на процесот кој за мене започна во крајот на јули, на островот Hainan, во Кина, каде што бев член на жирито во категориите Branded Content и Branded Entertainment, во друштво на фантастични професионалци од целиот свет. Задачата на нашето жири беше да се издвојат и наградат кампањите кои се недвосмислени показатели на правецот во кој индустријата би требало да се движи.

Кампањите во овие категории се реализирани за големи и мали брендови, во микс на невообичаени канали на комуникација, а она што им е заедничко е иновативен одговор на брифот. Наместо класични формати, видовме долгометражни и анимирани филмови, блокбастер серии кои се во исто време и школи за јазик, ланец продавници на мобилни телефони кои станале гласачки места, мала статуа која предизвика големи разговори.

Гранд При во категоријата Branded Entertainment му припадна на филмот “Lo And Behold”. Долгометражниот филм на режисерот Verner Hercog настана како одговор на брифот за промотивен филм за интернет компанијата Netscout. Филмот се наоѓа на редовниот репертоар во светските престолнини и луѓето всушност плаќаат да гледаат нешто што е без сомнение одличен филм, а всушност e кампања на големиот бренд.

https://clios.com/awards/winner/26296

Гранд При во категоријата Branded Content освои една девојка. Сега веќе познатата “Fearless GIrl” покрена глобална расправа на тема родова рамноправност, стана нова њујоршка туристичка атракција и инспирација на девојките низ целиот свет.

http://clios.com/awards/winner/26878

Мислам дека доаѓа возбудливо време на комбинирање на каналите и формите на комуникација, гласот на брендот може да се слушне и да се види и да биде поубедлив и пореален, токму доколку го слушнеме надвор од рекламниот блок и тоа е сигурно еден од правците на креативно размислување за сите нас кои седиме во агенциите.

Не се натпреваруваме едни со други, бренд протв бренд, или агенција против агенција, мрежа против мрежа. Нашата конкуренција е се` друго: подкасти, магазини, портали, видео игри, музички хитови, телевизиски серии, документарни и играни филмови, фестивали, па дури и книжевноста.

Ајде да размислиме за ова, па да се видиме на следниот бриф, да пробаме да се забавуваме, и што е многу поважно да ги забавуваме другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365