Home » Во фокусот » Брендовите имаат карактер и личност како и луѓето!

Брендовите имаат карактер и личност како и луѓето!

Folker Wrage, сопственик на агенцијата Wrage/Antwort и поранешен CCO во агенцијата Havas Cirih (Швајцарија) ќе биде еден од предавачите на фестивалот на интегрирани комуникации KAKTUS 2017, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во хотелот Crowne Plaza во Белград. По тој повод, Wrage зборува за брендовите, influencer маркетингот, како и дали и на кој начин инфлуенсерите денес го менуваат мислењето на луѓето.

Од психологија до креативен директор во маркетинг агенција. Во која мера студиите по психологија Ви помогнаа да заклучите што сака клиентот?


Психологијата секогаш помага. Многу ќе научите за перцепцијата и за тоа како луѓето ги обработуваат информациите, за желбите на луѓето, нивното однесување. Тоа е вредно знаење кога работате во огласувачката индустрија. Исто така, ми помага и да се фокусирам на она што им треба на луѓето и го сакаат. Во маркетингот можеме да бидеме успешни само ако ја разбереме психологијата на потрошувачите.

Зошто е подобро да се биде добар човек и како да се справите со “asshole” факторот? Што вие мислите за тоа?

Постои многу едноставен одговор на тоа: лошите луѓе секогаш создаваат повеќе штета отколку корист. А компаниите тоа се повеќе и повеќе го сфаќаат. Да се биде добра личност е клуч за долга и успешна кариера и за здрав и среќен професионален живот.  Веројатно никогаш нема да имеме свет без лоши луѓе. Но, се оди на подобро. Не во политиката, туку во корпоративниот свет.

Зошто брендовите мораат да се однесуваат како добри луѓе? Дали брендот е човек?


Тоа всушност не е нова идеја. Секогаш постоела желба на луѓето кои работат во маркетинг да го направат брендот пријател на потрошувачите. Но, тие и понатаму не успеваат и го третираат брендот како предмет, а не како човечко суштество. Луѓето сакаат да му веруваат на брендот, сакаат да имаат слични идеи, па дури и мислења. А ако ги погледнеме најуспешните брендови во светот, ќе видиме дека тоа е заедничко за сите нив. Имаат карактер, личност, исто како и луѓето.

Која е тајната на успешниот инфлуенсер? Што е она што е посебно кај него?  


Успешниот инфлуенсер е некој кој е страствен и добро информиран за одредена тема или област, но и кој е способен таа страст и знаење да ги презентира на многу интересен и релевантен начин. Инфлуенсерите можат да креираат содржина која другите луѓе ја сметаат корисна и забавна и нив ги следат, затоа што оваа содржина им дава одредена вредност на нивните животи.

Во која мера инфлуенсерот може да влијае на општата јавност за да го промени своето размислување?

Моментално инфлуенсерите се многу фокусирани на начинот на живот, производите, забавата… Дел од нив всушност, работат на тоа да го променат мислењето на луѓето за важните прашања. Меѓутоа, тој број е прилично мал. Но да, постојат луѓе кои тоа се обидуваат, а некои од нив се опасни и манипулативни луѓе и се обидуваат да влијаат на изборите, политиката во земјата, но и на другите важни економски и општествени прашања. Има и позитивни примери  се сеќавате на почетокот на Арапската пролет. Тие луѓе не ги нарекуваме инфлуенсери, но тоа се секако.

Што е иднината на influencer маркетингот? Како ја гледата идната соработка помеѓу брендовите и инфлуенсерите?

Influencer марктингот ќе има важна улога во областа на огласувањето во наредните години. Тоа ќе додаде кредибилитет на кампањите, ќе им помогне на малите брендови и бизниси да се огласуваат, ќе доведе до партнерство помеѓу брендовите и креаторите на содржина и ќе продолжи да се развива до точка каде што токму инфлуенсерите ќе им помагаат на брендовите да бидат поблиску до луѓето.

Што учесниците на фестивалот KAKTUS 2017 можат да очекуваат во текот на Вашата презентација и работилница?


Смеа, корисни информации и применливи примери. За време на работилницата, ќе се обидеме со заеднички сили да навлеземе подлабоко во суштината на influencer маркетингот и да дознаеме што можеме да направиме за брендовите и како да го направиме овај вид на маркетинг корисен за компаниите.

Повеќе информации за фестивалот KAKTUS пронајдете на сајтот:  www.kaktus.rs.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365