Брендовите кои бараат начини како да се интегрираат во пеофесионалните спортови сега ќе имаат можност за тоа и во НБА. Откако за првпат спонзорирани логоа на дресови се појавија на овогодинешното издание на NBA All-star во Февруари, Лигата одлучи да ја целосно да ја овозможи таа опција за следната сезона.
Бордот на НБА ја дозволи продажбата на спонзорства на дресовите, почнувајќи со 2017-2018 сезоната, како дел од 3-годишна пилот програма. Секој НБА тим ќе биде одговорен за продажбата на своите спонзорства.
“Спонзоирањето на дресови овозможува подлабока вклучување на партнерите кои сакаат да изградат уникатна асоцијација со нашите тимови и дополнителните инвестиции ќе помогнат во растот на играта на нови и возбудливи начини,” изјави НБА комесарот Адам Силвер, додавајќи: “Секогаш размислуваме за иновативни начини како НБА да остане конкурентна во глобалниот пазар, и ние сме возбудени да ги видиме резултатите од оваа тригодишна програма.”
Кога би се споредиле со фудбалските дресови, каде спонзорските имиња го доминираат просторот, спонзорствата на НБА дресовите ќе бидат посуптилни. Просторот за тоа ќе изнесува околу 6,25 x 6.25 сантиметри, но ќе биде приспособен за да одговара на димензиите на логото на спонзорот, и ќе се наоѓа на предната лева страна на дресот, спротивно од логото на Nike.
Kia беше спонзорот за овогодинешниот All-Star натпревар, а го има и правото на спонзорство на дресовите и за All-Star натпреварот во 2017 година.