За разлика од сличните големи настани од минатото, како „Live Aid“, кои бараа од гледачите да донираат во добротворни цели, емисијата беше поддржана од брендови кои директно донираа во хуманитарниот фонд на Светската здравствена организација
Во саботата вечерта се случи еден поинаков телевизиски настан, хуманитарна акција предводена од Global Citizen, емитувана на ABC, CBS и NBC. Домаќини на програмата беа Џими Фелон, Џими Кимел и Стивен Колберт, а од своите домови беа вклучени голем број на sвезди, како Лејди Гага, Елтон Џон, Џенифер Лопез и Ролинг Стоунс.
За разлика од сличните големи настани од минатото, како Live Aid, кои бараа од гледачите да донираат во добротворни цели, емисијата беше поддржана од брендови кои директно донираа во хуманитарниот фонд на Светската здравствена организација за напорите во спречување на вирусот COVID-19. Меѓу оние кои ја дадоа својата поддршка се Coca-Cola, GlaxoSmithKline, IBM, Johnson & Johnson, PepsiCo, Procter & Gamble, State Farm, Target и Verizon.
L.A. Times наведува дека организаторот Global Citizen известил дека на овај начин биле собрани 127 милиони долари. Според извештајот на Mail Online, настанот привлекол 14 милиони гледачи низ американските ТВ канали.