Книжарницата едноставно на своите полици ги завртила сите книги напишани од мажи, испраќајќи навистина силна порака.
Книжарницата во САД, Loganberry Books, пронајде интересен начин да го “илустрира родовиот јаз во белетристиката“, а тоа го направи така што ги заврти сите изданија од машки писатели на своите полици, така што идентитетот на овие книги е скриен.
Оваа брилјантна “инсталација“ е направена во очи на Меѓународниот ден на жената, а според магазинот Adweek, полиците ќе останат во оваа положба до 14 март, како дел од одбележувањето на Месецот на женската историја.
Оваа сцена визуелно е навистина силна, затоа што повеќето полици со белетристика во книжарницата есноставно станале бели. Книжарницата го опиша овај драматичен проект со знак на кој пишува: “Ги замолчивме машките автори и ги оставивме делата на жените на виделина.”
Сопственичката на книжарницата Harriett Logan, вели дека се надева дека проектот ќе има двојна корист, илустрирајќи еден поширок проблем , а истовремено славејќи ги жените кои се малцинство кога се во прашање авторите на белетристика.
Идејата, како што вели таа, дошла од желбата да се пронајде нов, интересен начин да се обележи Месецот на женската историја.
“Сакав да направам настан или активност во чест на Месецот на женската историја, но ми здодеа да правам исти работи секогаш од почеток“ изјави за магазинот Cleveland Scene. “Самото читање на некои од големите дела на книжевнста не ми се чинеше доволно партиципативно, а оваа активност не бараше ништо.”