Пабовите претставуваат јадро на британската култура. Меѓутоа, поради пандемијата и рестрикциите за собирање, токму пабовите станаа едни од најзагрозените бизниси ширум државата. И по нивното повторно отворање, многу од нив сé уште ги чувствуваат ефектите на карантинот и со соочуваат со предизвици за својот опстанок.
Со цел да им се помогне на овие пабови, организацијата Британска пивска алијанса (Britain’s Beer Alliance) започна масовна кампања со која ги повикува граѓаните да ги посетуваат и поддржат своите локални пабови, а од властите да им понудат финансиска помош.
Кампањата се состои од телевизиски спот, принт реклами и активности на социјалните медиуми. Централниот видео спот претставува колаж од снимки кои го пренесуваат духот на пабовите и нивното „Специјални чувство“ – како што е насловена и самата реклама.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Havas London и продукциската куќа Stink Films и всушност претставува продолжение на платформата “Long Live The Local”, која беше лансирана уште во 2018 година.