Владата на Обединетото Кралство го откри дизајнот на новите пост-Брегзит пасоши за британските граѓани кои ќе почат да се издаваат од март.
Основна боја ќе биде темносината, спротивно на бордо бојата на европските пасоши, додека пак текстот и грбот на Кралството ќе бидат изгравирани во златна боја. Всушност, се работи за враќање на стариот британски пасош пред зачленувањето во Европската Унија.
„Преку враќањето на иконичниот сино-златен дизајн, британскиот пасош повторно ќе биде поврзан со нашиот идентитет и едвај чекам да почнам да патувам со него“, истакна државниот секретар Прити Пател.
Меѓутоа, беше изоставена информацијата дека пасошите ќе бидат произведувани токму во Европската Унија која Британија ја напуши, што беше опишано од критичарите како „иронично“. Имено, пасошите ќе ги произведува компанијата Gemalto, француско-холандска компанија со седиште во Полска.
Во секој случај, премиерот Борис Џонсон го пофали новиот дизајн како „одлично нешто“, бидејќи почувствувал „лична загуба и гнев“ кога старите сини пасоши на Британија биле повлечени во 1988 година.
The iconic blue and gold British passport is returning. Find out more about the design and roll-out here: https://t.co/703pW06Mhe pic.twitter.com/yqEaIKZXEj
— Home Office (@ukhomeoffice) February 22, 2020