Британското издание на популарниот моден магазин Vogue реши да испрати важна порака на инклузивност, објавувајќи својот мајски број и на Брајово писмо за лицата со оштетен вид.
Мајскиот број насловен “Reframing Fashion: Dynamic, Daring & Disabled” истакнува 19 видни личности кои постигнуваат значителни резултати во сферата на модата, уметноста, активизмот и спортот – и покрај нивните попречености.
Мајското издание на британскиот Вог, напишан на Брајово писмо, е достапно во физички, дигитален и аудио формат. Читателите во Обединетото Кралство кои се регистрирани како слепи можат бесплатно да добијат физичка копија преку националниот поштенски сервис, додека публиката во странство само ќе треба да плати за достава.
Читателите исто така може да побараат бесплатно да им се испрати аудио-датотека или Брајова датотека за печатење дома, со испраќање порака на електронската пошта accessiblevogue@condenast.co.uk.