Повеќе од педесет проценти од светската популација сега е онлајн, од кои повеќе од една четвртина милијарда за прв пат се поврзаа во 2017 година, според извештајот на Global Digital, кој секоја секоја година го објавуваат Hootsuite и We Are Social.
Најголем пораст на бројот на корисници е забележан во Африка, каде што бројот на лица кои користат Интернетот се зголемил за 20% во споредба со претходната година.
Главната причина за глобалниот пораст на бројот на корисниците е зголемената достапност на паметните телефони и поефтиниот пристап до мобилниот интернет. Повеќе од 200 милиони луѓе го добиле својот прв мобилен уред во 2017 година и се проценува дека две третини од светското население сега поседува мобилен телефон, се наведува во извештајот.
Покрај пристапот до уредите и интернетот, уште една област забележа зголемување на бројот на корисници: повеќе од три милијарди луѓе ширум светот секој ден користат социјални мрежи, а просечниот корисник поминува шест часа дневно на Интернет.