Синоќа во Хелсинки, Финска, се оддржа завршната церемонија на европскиот креативен фестивал Евробест 2014 на која беа наградени најкреативните комуникациски проекти во вкупно 15 категории, а во една од нив свое место на победничкиот подиум избори и Публицис Македонија со својот проект Alzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија со кој годинава имаше успешна “жетва“ на награди и на Голден Драм пред нецели два месеци.
Проектот на Публицис Скопје ја освои бронзената награда во категоријата Media, каде со Гранд При лауреатот се закити лондонската PHD со нивниот проект насловен како The World`s first all lego ad break.
Од нашиот регион, друга агенција која може да се пофали со позначаен успех на овогодинешното издание на Евробест, може да се издвои и Saatchi & Saatchi Белград која освои едно сребро и една бронза со нивниот проект Chronicles of Threates.
За Агенција на годината на Евробест 2014 беше прогласена Adam&Eve DDB London, за најдобра независна агенција Frosman & Bodenfors, додека пак за најдобра овогодинешна мрежа признанието замина кај DDB.
Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions.
Претходните три години, фестивалот се оддржуваше во Лисабон, а преходни домаќини биле и Хамбург, Амстердам и Стокхлом.
Сите овогодинешни победници можете да ги погледнете на следниов линк: http://www.eurobest.com/winners/2014/