Home » Во фокусот » Bruketa&Žinić OM стана дел од WPP

Bruketa&Žinić OM стана дел од WPP

Најголемата светска групација во маркетинг комуникациите WPP купи мнозински пакет акции во хрватската агенција Bruketa&Žinić OM која ќе се спои со Grey Zagreb и сега станува Bruketa&Žinić&Grey.

Bruketa&Žinić OM, една од најнаградуваните агенции во Хрватска и регионот, го објави постигнувањето на договорот со најголемата светска комуникациска групација WPP за нивното инвестирање во агенцијата. Ова е прва инвестиција од ваков вид во Хрватска. Bruketa&Žinić OM ќе делува во рамките на Grey Group на WPP, па агенцијата ќе се преименува во Bruketa&Žinić&Grey. Grey Загреб ќе се спои кон заедничката компанија, а под тоа име ќе делуваат и останатите Grey агенции во регионот. Давор Брукета и Никола Жиниќ и понатаму ќе ја водат агенцијата.

Од Bruketa&Žinić OM појаснуваат дека договорот би требало да се реализира најдоцна до јули 2017 година, и дека за неговата реализација навремено ќе ја известат јавноста. Реализацијата на овај договор ќе ја зајакне позицијата на WPP во регионот, а за Bruketa&Žinić OM ќе се отворат нови можности на преку 40 пазари на кои делува групацијата.

James R. Heekin III, претседател на управата на Grey Gruор, изјави, “ Драго ни е што Bruketa&Žinić станаа наши партнери. Овај договор претставува уште еден чекор напред во проширувањето на капацитетите и критичната маса на Grey Europе во овај важен регион.”

Alain Groenendaal, претседател на управата на Grey Europe, изјави, “Го следевме развојот на агенцијата Bruketa&Žinić OM од кога Advertising Age ги препозна како најдобра меѓународна мала агенција. Многу сме возбудени околу нивниот потенцијал и можностите кои ќе ги имаме заедно“.

Давор Брукета, партнер во агенцијата Bruketa&Žinić OM, изјави “Вложувањето и интересот на  WPP е добра вест за креативната идустрија на овие простори. Долго разговаравме со нашите идни партнери, како да креираме нова вредност. Секако, заинтересирани сме за алатките и знаењата кои ги поседува оваа глобална мрежа, но и повеќе од тоа, веруваме во потенцијалот на формалното и неформалното вмрежување на глобално ниво. Тоа е голема прилика за нас и нашите клинти. Нашиот досегашен раст произлезе од партнерството со иновативните компании и талентираните и амбициозни поединци. Придружувањето кон WPP ни овозможува можност за повторно ширење на сопствените граници.“

Никола Жиниќ, партнер во агенцијата Bruketa&Žinić OM, изјави, “Од кога поставивме дигитални канали во седиштето на нашите интегрирани комуникациски процеси, агенцијата оствари голем раст, само во изминатата година потпишавме договори со Addiko Bank, Coca-Colа и VIPnet. Влегувањето во WPP глобалната мрежа го гледаме како еднакво значаен и трансформативен за нашиот раст и успех. Нивната верба во нашите потенцијали ќе ни даде веродостојност и на пазарите на кои досега не бевме присутни.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365