Американскиот пејач Бруно Марс во соработка со францускиот бренд Lacoste ја подготви својата прва модна линија наречена „Lacoste x Ricky Regal“ која излегува на 5 март.
Колекцијата е инспирирана од „копнежот за живот и претприемачки допир“, пренесува Fashion United. Во соопштение за јавноста, од компанијата Lacoste изјавија дека оваа соработка ги поврзува енигматичната личност и препознатливиот стил на Бруно Марс со комбинацијата на спорт и луксуз на францускиот моден бренд.
Бруно Марс ја дизајнираше модната колекција користејќи го своето „дизајнерско алтер его“, името „Рики Регал“, што беше инспирирација и за самиот назив на колекцијата.
𝐑𝐈𝐂𝐊𝐘 𝐑𝐄𝐆𝐀𝐋 𝐗 𝐋𝐀𝐂𝐎𝐒𝐓𝐄
Lacoste is getting off to a flashy start in 2021.Two years in the making, Bruno Mars’ collection of about 25 pieces — dubbed “Ricky Regal” after the pop star’s new fashion “alter ego” of the same name. pic.twitter.com/x4cHRZHMxN
— MARS📀ARCHIVES (@marschives) February 27, 2021
За магазинот Вог, пејачот изјави дека „сонувал за Рики Регал, исклучително модерен напреден човек со око за дизајн“, што му помогнало во креирањето на модните парчиња од колекцијата.
Францускиот бренд ја опишува модната линија „Lacoste x Ricky Regal“ како „секојдневен спортски луксуз“ што вклучува палета на облека, обувки и додатоци за мажи и жени.
Првата модна линија на Бруно Марс ќе биде лансирана на 5 март преку глобална мрежа од 18 ексклузивни продавници, а ќе биде достапна од 8 март во одбрани Lacoste бутици и на нивната веб-страница.