РЕГИОН- Истражувачката агенција Mediana, за Маркетинг магазин од Словенија ги подготви податоците за бруто вредноста на огласувачкиот пазар во 2016 година како дел од проектот Mediana IBO.
Во извештајот се наведува дека бруто вредноста се темели на сите евидентирани огласи и цени од официјалните ценовници и дека во обзир не се земени попустите, посебните купо-продажни услови ниту бесплатните објави.
Во текстот е наведено дека вредноста на бруто огласувањето во Словенија во 2016 година пораснало за 14%, а и дека телевизијата со 80% удел во бруто огласувањето е далеку напред во споредба со сите други медиуми. Бруто вредноста на огласувањето на телевизија за година дена е пораснато за 19%, а огласувачите им намениле на печатените медиуми речиси 100 милиони евра бруто, идентично како и во 2015 година.
Според собраните податоци, во Словенија најголеми огласувачи се трговците, телекомуникациските оператори и авто индустријата.
Повеќе информации за истражувањето ТУКА.