Плановите за првата микро-гравитациона пивара беа најавени на SXSW.
Научниците постојано истражуваат и прават напори да откријат дали постои живот на Марс и постојано истражуваат начини на кои луѓето во иднина би можеле да живеат на планетата.
Во таа насока, Budweiser прави силни напори да го направи светот во вселната да изгледа позабавен со развојот на ново пиво кое ќе биде направено само за консумација на Црвената планета.
На South by Southwest Interactive настанот одржан во Austin, Texas, Budweiser ги најави своите планови кои се насочени кон истражување и производство на микрогравитационо пиво. На панел дискусијата модерирана од Kate Mara одржана со астронаутот во пензија Clayton Anderson, се говореше за иднината на вселенската колонизација. Ricardo Marques, vp на Budweiser, и Val Toothman, од одделот за маркетинг иновација на Anheuser-Busch, во кратки црти зборуваа за експериментите и истражувањето кое ќе се одвива при брендирањето на првото Марсовско пиво.
Најголемиот предизвик за производство на пиво во вселената е недостатокот на гравитација каде пијалакот кој содржи јаглерод ќе предизвикува проблеми. Меѓутоа Budweiser ги преиспитива опциите кои ќе функционираат во микрогравитационата средина која постои на Марс со цел да развијат пиво кое ќе се консумира таму.
“ Станува збор за голем сон кој е изграден врз основа на нашиот незапирлив фокус на иновацијата’’- кажува Marques. “Тогаш кога ќе успееме да уживаме во неколку ладни пива на Црвената планета, тоа ќе биде и моментот кога вистински би ги реализирале своите соништа за вселенска колонизација.’’
Станува збор за сосема ново искуство. Знаеме дека колонизацијата на Марс може да биде по една или две декади, но сакаме да се осигураме уште сега дека Budweiser е пивото со кое луѓето ќе наздравуваат на Марс, откако ќе пристигнеме таму – ги изразија своите визии од компанијата.