Главната агенција на овај бренд, Anomaly, создаде кампања која е лансирана речиси еден месец пред самото првенството, со цел што повеќе да ја загрее публиката за натпреварите
Budweiser започна кампања за Светското фудбалско првенство што ќе се одржи оваа година во Русија, под називот “Light Up the World Cup” и тврдат дека ова е најскапата кампања во која матичнатат куќа AB InBev има инвестирано досега.
Мигел Патрисио, глобален маркетинг директор во AB InBev, ја опиша целата работа како “најголемата комерцијална кампања во историјата на AB InBev“. Иако износот на инвестицијата не е објавен, брендот тврди дека кампањата ќе се спроведува во повеќе од 50 земји. Патрисио исто така, истакна дека се очекува дека Светското првенство ќе биде најгледан настан во историјата на човештвото.
Глобалниот потпретседател на маркетинг на Budweiser, Брајан Перкинс се согласува со тоа и вели дека се проценува дека 3,2 милијарди луѓе барем еднаш ќе гледаат некоја содржина на првенството, а ова вртоглаво тврдење за гледачите е во согласност и со други истражувања за популарноста на Светското првенство.
Budweiser е официјално пиво на Светското првенство, почнувајќи од првенството во Мексико во 1986 година, а денес имаат и дополнителни допирни точки. Тука е, на пример, трофејот Budweiser Man of the Match, за кој Перкинс вели дека е “фантастичен начин да се прослават најдобрите играчи кои го “запалиле теренот“. Навивачите ќе можат да гласаат за најдобар играч на секој натпревар, а победникот ќе добие трофеј, додека Budweiser ќе добие дополнително медиумско внимание за време на предавањето на наградите.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=vFL5rm5EP38
Конечно, целата кампања се базира на најновата ТВ реклама во која симпатични црвени дронови во роеви прелетуваат од Америка до Русија, за да испорачаат ладно пиво до навивачите. Перкинс опишувајќи го спотот, изјави: “Ова е најенергичната испорака на пиво на сите времиња.”
Главната агенција на овај бренд, Anomaly, ја креираше кампањата речиси еден месец пред самото првенството, со цел што повеќе да ги загрее фановите за претстојното првенство.